Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.742 статии на македонски јазик и 415 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 20 мај 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1836  Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија.
1875  Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини.
1876  Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926  Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990  Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
2023  Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора.

Родени:

1799  Оноре де Балзак — француски писател.
1806  Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист.
1875  Парашкев Цветков — бугарски револуционер.
1901  Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ.
1908  Џејмс Стјуарт — американски глумец.
1946  Шер — американска пејачка.
1952  Роже Мила — камерунски фудбалер.
1955  Маноло Каденас — шпански ракометен тренер.
1962  Александар Дедјушко — руски театарски и филмски глумец.
1964  Миодраг Белодедич — романски фудбалер.
1965  Били Донован — американски кошаркар и тренер.
1967  Павлe — грчки принц.
1973  Самуеле Папи — италијански одбојкар.
1981  Икер Касиљас — шпански фудбалер.
1982  Петр Чех — чешки фудбалер.
1985  Николај Липкин — руски кануист-спринтер.
1985  Крис Фрум — британски велосипедист.
1992  Енес Кантер — турски кошаркар.
1992  Вацлав Кадлец — чешки фудбалер.
1995  Вјачеслав Караваев — руски фудбалер.

Починале:

1277  Јован XXIримски папа.
1506  Кристофер Колумбо — шпански истражувач и откривач на Новиот Свет.
1622  Осман II — отомански султан.
1859  Јосип Јелачиќ — хрватски бан.
1896  Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман.
1940  Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец.
1981  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
1989  Џон Хикс — британски економист.
2002  Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката.
2013  Реј Манзарек —амрикански рок-музичар, член на групата „Дорс“.
2019  Ники Лауда — австриски автомобилист, поранешен првак во „Формула 1“.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Бенгалски тигар (Panthera tigris tigris) во Мадја Прадеш, Индија.
Дали сте знаеле...


Златна биста на Фридрих Барбароса
Златна биста на Фридрих Барбароса


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.742 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич