Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.707 статии на македонски јазик и 409 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 18 мај 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1925  Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов.
1954  Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.
1974  Индија изврши прва јадрена проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши јадрена проба.
1977  Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите.
1980  Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.

Родени:

1711  Руѓер Бошковиќфизичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1814  Михаил Бакунин — руски револуционер.
1872  Бертранд Расел — англиски филозоф.
1872  Јане Сандански — македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО.
1897  Френк Капра — американски филмски режисер.
1899  Душан Недељковиќ — српски филозоф и етнолог.
1908  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач.
1909  Фред Пери — англиски тенисер.
1911  Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач.
1914  Борис Христов — бугарски оперски пејач.
1919  Марго Фонтејн — англиска балерина.
1920  Јован Павле IIримски папа.
1934  Петар Ширилов — македонски писател.
1935  Иван Доровски — македонски и чешки поет.
1938  Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка.
1960  Јаник Ноа — француски тенисер.
1962  Сандра Крету — германска пејачка.
1967  Хајнц-Харалд Френцен — германски возач на Формула 1.
1971  Бред Фридел — американски фудбалер.
1978  Рикардо Карваљо — португалски фудбалер.
1978  Тор Хушовд — норвешки велосипедист.
1979  Благој Нацоски — македонски оперски пејач.
1980  Ана Угриновска — македонска кајакарка.
1984  Ники Терпстра — холандски велосипедист.
1986  Алексеј Жуканенко — руски кошаркар.
1986  Наталија Осиповаруска балерина.
1986  Кевин Андерсон — јужноафрикански тенисер.
1988  Кевин Реза — француски велосипедист.
1994  Клинт Капела — швајцарски кошаркар.

Починале:

526  Јован Iримски папа.
1799  Пјер Огистен Карон де Бомарше — француски писател.
1800  Александар Суворовруски кнез и генералисимус.
1908  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач.
1980  Ијан Кертис — англиски рок-музичар, член на групата Џој дивижн (Joy Division).
2000  Домингос да Гуја — бразилски фудбалер.
2004  Елвин Џонс — американски џез-музичар.
2014  Добрица Ќосиќ — српски писател, академик и политичар.
2017  Крис Корнел — американски рок-музичар, член на групата Саундгарден (Soundgarden).
2020  Марко Елснер — словенечки и југословенски фудбалер.
2023  Хелмут Бергер — австриски глумец.

Празници:

*  Меѓународен ден на музеите
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Мота Налунс и околината, Швајцарија.
Дали сте знаеле...


Златна биста на Фридрих Барбароса
Златна биста на Фридрих Барбароса


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.707 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич