31 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 31 декември — последниот, 365. ден во годината според грегоријанскиот календар (366-и во престапна година).
Настани:
| 1941 | Во Струга, спроти новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа" — денешната химна на Република Македонија. |
| 1946 | Донесен е првиот Устав на Народна Република Македонија. |
| 2022 | Хрватска го усвојува еврото како државна валута, исфрлајќи ја куната. |
Родени:
| 1378 | Каликст III — римски папа. |
| 1869 | Анри Матис — француски сликар и вајар. |
| 1931 | Гил Мел — американски сликар и џез-музичар. |
| 1937 | Ентони Хопкинс — велшки филмски, телевизиски и сценски глумец. |
| 1937 | Милутин Шошкиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1941 | Алекс Фергусон — шкотски фудбалски тренер. |
| 1942 | Енди Самерс — англиски рок-гитарист, член на групата Полис (Police). |
| 1943 | Џон Денвер — американски кантри-музичар. |
| 1959 | Пол Вестерберг — американски рок-музичар. |
| 1959 | Вал Килмер — американски глумец. |
| 1959 | Милан Јанковиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1970 | Брајон Расел — американски кошаркар. |
| 1978 | Денис Чакар — турска глумица. |
| 1985 | Александра Херасименија — белоруска пливачка. |
| 1988 | Едвин Канка Ќудиќ — босански активист за човекови права. |
Починале:
| 192 | Комод — римски цар. |
| 335 | Силвестер I — римски папа. |
| 1510 | Бјанка Марија Сфорца — царица на Светото Римско Царство. |
| 1610 | Лудолф ван Цојлен — германски математичар. |
| 1877 | Гистав Курбе — француски сликар. |
| 1921 | Јожеф Киш — унгарски писател. |
| 1936 | Мигел де Унамуно — шпански писател и филозоф. |
| 1944 | Дељо Марковски — македонски револуционер. |
| 2015 | Натали Коул — американска поп-пејачка. |
| 2021 | Бети Вајт — американска глумица. |
| 2022 | Бенедикт XVI — римски папа. |