5 септември
Изглед
5 септември — 248-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (249-и во престапна година). Остануваат 117 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2026
Настани:
| 1600 | Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење. |
| 1774 | Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија. |
| 1800 | Малта е освоена од Велика Британија. |
| 1914 | Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град. |
| 1939 | Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната. |
| 1948 | Роберт Шуман станува премиер на Франција. |
| 1977 | Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа. |
| 1992 | Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години. |
| 2011 | Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет. |
Родени:
Починале:
| 1566 | Сулејман Величествениот — отомански султан. |
| 1629 | Доменико Алегри — италијански композитор. |
| 1808 | Џон Хоум — шкотски писател. |
| 1906 | Лудвиг Болцман — австриски физичар. |
| 1920 | Роберт Харон — американски глумец. |
| 1926 | Карл Харер — германски новинар. |
| 1961 | Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна и во НОВ на Македонија. |
| 1988 | Петар Ширилов — македонски писател и литературен критичар |
| 1990 | Ванчо Михајлов — раководител на ВМРО. |
| 1994 | Ајк Вилијамс — американски боксер. |
| 1997 | Мајка Тереза — католичка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. |
| 2017 | Холгер Шукај — германски рок-музичар. |
| 2021 | Сара Хардинг — англиска пејачка, глумица и манекенка. |
| 2025 | Рик Дејвис — британски рок-музичар, член на групата Супертремп (Supertramp). |
| 2025 | Дејви Џонсон — американски играч на бејзбол. |