Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 160.665 статии на македонски јазик и 293 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 22 април 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1500  Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за португалски посед. Ова се празнува како Ден на откривањето на Бразил.
1920  Стапија во штрајк поштарите во Македонија — Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964  Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава — Танзанија.
1970  Почнал да се празнува Денот на планетата земја.
2007  Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија

Родени:

1451  Изабела I — кралица на Кастиља и Леон (п. 1504).
1610  Александар VIIIримски папа.
1707  Хенри Филдинг — англиски писател.
1724  Имануел Кант — основоположник на германската класична филозофија.
1766  Мадам де Стал — француска писателка.
1866  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1870  Владимир Илич Ленин — организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР.
1881  Александар Керенски — руски политичар.
1884  Ото Ранк — австриски психолог (п. 1939).
1891  Никола Сако — американски анархист (п. 1927).
1899  Владимир Набоков — руски писател (п. 1977).
1904  Роберт Опенхајмер — американски физичар (п. 1967).
1916  Јехуди Мењухин — англоамериканско-швајцарски виолинист (п. 1999).
1922  Чарлс Мингус — американски џез-музичар.
1927  Вукан Диневски — македонски глумец.
1930  Георги Сталев Поповски — македонски поет.
1930  Драги Костовски — македонски артист.
1935  Пол Чејмберс — американски џез-музичар.
1937  Џек Николсон — американски глумец.
1942  Џорџо Агамбен — италијански политички филозоф.
1946  Џон Вотерс — американски режисер.
1947  Горан Паскаљевиќ — српски и југословенски режисер.
1949  Миодраг Кривокапиќ — српски и југословенски глумец.
1950  Питер Фремптон — англиски рок-музичар.
1958  Миливој Брачун — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1970  Андреа Џани — италијански одбојкар.
1977  Марк ван Бомел — холандски фудбалер.
1979  Џон Гадре — француски велосипедист.
1981  Горан Мазнов — македонски фудбалер.
1982  Рикардо Кака — бразилски фудбалер.
1987  Давид Луиз — бразилски фудбалер.
1987  Јаспер Силесен — дански фудбалски голман.
1987  Џон Оби Микел — нигериски фудбалер.
1988  Маја Никшиќ — македонска убавица.
1998  Давид Раум — германски фудбалер.

Починале:

536  Агапит I — римски папа.
1994  Ричард Никсон — претседател на САД.
2007  Томе Арсовски — македонски писател.

Празници:

*  Ден на планетата Земја
*  Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Кукавичест мал був (Glaucidium cuculoides) во Асам, Индија.
Дали сте знаеле...


Убиството на Филип II, Андре Кастењ
Убиството на Филип II, Андре Кастењ


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 160.665 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич