Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.915 статии на македонски јазик и 333 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Image

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 2 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

676  Дон станал папа.
1570  Голем наплив од Северното Море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица.
1687  Од султанскиот престол на Отоманското Царство бил симнат Мехмед IV.
1789  Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква.
1795  Француска револуција: Почеток на Францускиот директорат.
1914  Русија му објавила војна на Отоманското Царство.
1936  Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС).
1936  Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација Би-би-си (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес.
1943  Кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас.
1953  Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан.
1956  Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт.
1965  Албанскиот водач Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина.
1991  Вартоломеј I станал Вселенски патријарх.
1988  За првпат на семрежјето се појавил вирус.
1999  Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута.
2004  Џорџ Буш по вторпат станал претседател на САД.

Родени:

69 п.н.е.  Клеопатра — кралица на Египет од македонската династија Птолемаиди и негов последеен фараон.
1699  Жан Батист Симеон Шарден — француски сликар.
1755  Марија Антоанета — принцеза на Австрија и кралица на Франција и на Навара.
1795  Џејмс Полк — претседател на САД.
1815  Џорџ Бул — британски филозоф и математичар.
1844  Мехмед V — отомански султан.
1847  Жорж Сорел — француски филозоф, основач на синдикализмот.
1854  Исидор Гунсберг — британски шахист.
1865  Ворен Хардинг — претседател на САД.
1906  Лукино Висконти — италијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа.
1913  Берт Ланкастер — американски глумец
1923  Чезаре Рубини — италијански ватерполист, кошаркар и тренер.
1928  Владимир Беара — југословенски фудбалер и тренер.
1929  Ричард Тајлер — канадски физичар.
1932  Стојан Ристески — македонски научник, поет и раскажувач.
1938  Софија Грчка — кралица на Шпанија.
1939  Енрико Албертози — италијански фудбалски голман.
1950  Љубомир Љубоевиќ — српски и југословенски шахист.
1954  Ведран Рожиќ — хрватски и југословенски фудбалер.
1959  Саид Ауита — марокански атлетичар.
1962  Трајко Вељаноски — претседател на Собранието на Република Македонија.
1967  Звонимир Солдо — хрватски фудбалер.
1974  Нели — американски рапер.
1976  Тјери Омејер — француски ракометар.
1989  Стеван Јоветиќ — црногорски фудбалер.
2000  Алфонсо Дејвис — канадски фудбалер.

Починале:

1950  Џорџ Бернард Шо — британски писател, романописец, музички и драмски критичар.
1963  Нго Дин Дием — претседател на Јужен Виетнам.
1975  Пјер Паоло Пазолини — италијански режисер и писател.
1990  Панче Мировски — првиот лирски тенор на македонската оперска сцена.
1999  Митар Суботиќ — југословенски и српски рок-музичар.
2004  Тео ван Гог — холандски режисер.
2018  Рој Харгроув — американски џез-музичар.
Издвоен цитат
Image
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот
Image
Гробиштата „Сен-Шарл“, најголемите во градот Квебек.
Дали сте знаеле...


Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.
Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.915 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич