Прејди на содржината

Генерален пласман на Џиро д’Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Розова маичка
Image
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЏиро д’Италија
Доделена заПобедник во генералниот пласман
Локално имеMaglia Rosa (италијански)
Историја
Прва награда1909 (првата розова маичка во 1931)
Изданија105 (до 2022)
Прв победникImage Лујџи Гана (ИТА)
Најмногу победиImage Алфредо Бинда (ИТА)
Image Фаусто Копи (ИТА)
Image Еди Меркс (БЕЛ)
5 пати
Најнов победникImage Џеј Хиндли (АВС)

Генералниот пласман на Џиро д’Италија — најважниот пласман на Џиро д’Италија, што го одредува крајниот победник. Затоа се смета за поважен отколку другите пласмани како бодовниот или планинскиот пласман.

Од 1931, на предводникот во генералниот пласман му се доделува розова маичка (италијански: maglia rosa).[1]

На првите изданија на Џиро д’Италија се користел бодовниот систем за пресметка на генералниот пласман, но од 1914 се користи временскиот систем. Сите етапни резултати се собираат заедно, земајќи ги предвид временските бонуси за високите завршници и средните спринтови и временските казни за прекршување на правилата.

Розовата боја била избрана поради весникот La Gazzetta dello Sport, спортскиот весник кој го создал Џиро, кој се издавал на розова хартија. За според, предводникот на генералниот пласман на Тур де Франс е наградуван со жолта маичка, која првично потекнува од жолтата боја на весникот L'Auto, весник кој го создал Тур де Франс.

  1. Фаранд, Стивен (27 април 2013). „Џиро д'Италија 2013: Галерија на историските розови маички“. Cycling news. Future Publishing Limited. Посетено на 27 април 2013.