9 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 9 јуни — 160-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (161-ви во престапна година). Остануваат 205 дена до крајот на годината.
Настани:
| 68 | Римскиот цар Нерон извршил самоубиство за да ја избегне смртната казна со која му била изречена од Римскиот сенат. |
| 1534 | Жак Картие станал првиот европеец кој пловел по реката Сент Лоренс. |
| 1815 | Завршил Виенскиот конгрес на кој е прекроена картата на Европа по поразот на Наполеон. |
| 1967 | На петтиот ден од Шестдневната војна Израел ја окупирал Голанската Висорамнина во Сирија и стигнал до Суецкиот Канал на територијата на Египет. |
| 1999 | По 78-дневно бомбардирање, СР Југославија потпишалa мировна спогодба со НАТО. |
Родени:
| 1508 | Примож Трубар — словенечки протестански преродбеник († 1586.). |
| 1661 | Фјодор III — руски цар. |
| 1672 | Петар I — руски цар († 1725.). |
| 1781 | Џорџ Стивенсон — англиски инженер и пронаоѓач на парната локомотива († 1848.). |
| 1891 | Кол Портер — американски композитор. |
| 1939 | Чарлс Веб — американски писател. |
| 1941 | Џон Лорд — англиски рок-музичар, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple). |
| 1943 | Кени Барон — американски џез-музичар. |
| 1961 | Мајкл Џеј Фокс — канадски глумец. |
| 1963 | Џони Деп — американски глумец. |
| 1963 | Дејвид Коеп — американски сценарист и режисер. |
| 1977 | Предраг Стојаковиќ — српски кошаркар. |
| 1978 | Мирослав Клозе — германски фудбалер. |
| 1980 | Антони Геслен — француски велосипедист. |
| 1981 | Натали Портман — израелско-американска глумица. |
| 1983 | Теодора — принцеза на Грција. |
| 1984 | Весли Снејдер — холандски фудбалер. |
| 1984 | Алекс Расмусен — дански велосипедист. |
| 1988 | Сократис Папастатопулос — грчки фудбалер. |
Починале:
| 68 | Нерон — римски цар (р. 37). |
| 1870 | Чарлс Дикенс — англиски писател (р. 1812). |
| 1994 | Јан Тинберген — холандски економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година. |
| 2011 | Јосип Каталински — босански и југословенски фудбалер (р. 1948). |
| 2016 | Дарко Марковиќ — македонски карикатурист. |
| 2018 | Фадил Вокри — југословенски фудбалер од албанско потекло. |
| 2022 | Мет Цимерман — канадски глумец. (р. 1934). |